Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ

Img 7590.jpeg

„СДСМ покажува и докажува дека е најсилната партија во Македонија. Партија која не се откажува кога е најтешко. Партија која не потклекнува кога се очекуваат тешки одлуки.
СДСМ, на чело со Киро Глигоров, ја внесе Македонија во Обединетите нации. Со СДСМ, Македонија во 2005 година го доби статусот земја – кандидат за членство во ЕУ. СДСМ, заедно со вас граѓаните го сруши режимот на Груевски, кој го блокираше патот кон европска иднина. Со СДСМ, Македонија стана рамноправна членка на НАТО. СДСМ заедно со граѓаните ќе ја внесе земјата и во Европската Унија. Од тоа нема откажување!,“ порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот митинг во Радовиш.

Тој се осврна на направените пропусти во изминатите седум години и незадоволството на граѓаните од инфлацијата, борбата против корупцијата, самоволието на одредени политичари членови на коалиционите партнери.
„Казната за тоа стигна на гласањето на 24 април. Казна, што јас и моите другари од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, ја прифативме достоинствено и без негодување. Граѓаните имаат право да испратат силна порака и го направија тоа!,“ порача Ковачевски.

Тој упати апел и ги повика граѓаните убаво да размислат како ќе гласаат на 8-ми мај. Затоа што на овие избори не се одлучува само кој ќе ја води државата, туку и каде ќе оди државата. Дали ќе продолжи цврсто да гази по европскиот пат или сите заедно повторно ќе станеме заложници на авторитарната држава водена од Белата палата.

Можете да прочитате

Расчистено разбојништво во Штип

Османи: Мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации…

Георгиадис: Доколку се прекршува Преспанскиот договор Мицотакис ќе го поништи