Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Со повратот на ДДВ кон стопанството ја поддржуваме конкурентноста и ликвидноста на компаниите

Ковачевски: Со повратот на ДДВ кон стопанството ја поддржуваме конкурентноста и ликвидноста на компаниите

Премиерот Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.

„Владата креира позитивни политики и затоа успеавме да постигнеме ефикасност на плаќање данок кон државата. Како влада се залагаме за поедноставни процедури, се со цел да изградиме силен и нераскинлв однос со нашите партнери, команиите. Повратот на ДДВ за 2022 година, изнесува над 727 милиона евра, така дополнително ја поддржуваме ликвидноста и конкурентноста на компаниите. Многу важно е дека го зголемивме и повратот на ДДВ за граѓаните и тоа од 1.800 денари на 2.100 денари по тромесечие“ изјави премиерот Ковачевски.

Директорката на Управата за јавни приходи, Лукаревска посочи дека компаниите како „Виталиа“, кои се дисциплинирани даночни обврзници се партнер на Владата во заедничко креирање политики.

„Така заедно придонесуваме кон подобра деловна клима, заедно се бориме против сивата економија и заедно создаваме имиџ за меѓусебна доверба и поврзаност.

Верувам дека за менаџерите во претходните, специфични години, беше предизвик да ги задржат работните места, но и да обезбедат пласман на производите и затоа од исклучителна важност е заедно, домаќински да придонесеме за побрзо надминување на предизвиците“, истакна Лукаревска.

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст