Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: САД и Кина имаат среќа што го немаат Пехчево

Dimitar kovacevski 5 .jpg

Поранешниот премиер и актуелен пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски, се јави со реакција откако Советот на Општина Пехчево едногласно ја отфрли иницијативата за пренамена на земјиште за иградба на дата центри.

„Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај…… што би правеле денес со вишокот вода“, напиша поранешниот премиер на социјалните мрежи.

Инаку, вчера, на 11-та седница советниците во Пехчево едногласно ја отфрлија иницијативата поднесена од приватен инвеститор за отпочнување постапка за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на дата-центар.

Можете да прочитате

(Фото) Возило излетало од патот Стража – Гостивар, интервенира и противпожарна екипа

19-годишна девојка пријавила физички напад од невенчаниот сопруг и неговите родители

Конески: Луна Стефаноска избрана за потпретседателка на Европските Демократски Студенти