Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Победата почнува со нашиот претседател – Пендаровски

Pretsedatelot Na Sdsm Dimitar Kovachevski Vo Obrakaneto Na Konvencijata Za Promocija Na Programata Na Pretsedatelskiot Kandidat Stevo Pendarovski 1.jpg

Победата почнува тука и победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски, рече на почетокот на својот говор, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната конвенција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Ковачевски за Пендаровски рече дека тој е прогресивен претседател, кој верува во прогресивна Македонија и дека не се откажува од иднината, додавајќи дека ниту тој, Ковачевски, ниту СДСМ се откажуваат од иднината. „Ние покажавме храброст, покажавме дека имаме план. Покажавме дека не се откажуваме пред тешките одлуки. Покажавме што значи лидерство, а лидери се токму тоа, луѓе со визија и луѓе кои не се откажуваат. Не се откажавме ни во најтешкото, не се откажавме во пандемијата. Не се откажавме од храбрите одлуки со кои денес сме НАТО, не се откажавме ни кога нѐ линчуваа и ни ставаа гиљотини. Не се откажавме затоа што сме на страната на граѓаните. Затоа што сме на страната на државата Не се откажавме затоа што ние сме на вистинската страна“ порача Ковачевски.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница