Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Македонија е фактор на стабилност во регионот, имаме целосна поддршка од ЕУ на европскиот пат

Ковачевски: Македонија е фактор на стабилност во регионот, имаме целосна поддршка од ЕУ на европскиот пат
300x250 (7)

Премиерот Димитар Ковачевски одржа прес конференција заедно со високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и со комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархељ, по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, што се одржа денеска во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Денес, со европските партнери имавме можност да направиме пресек на состојбите, да го утврдиме направениот прогрес на земјата како и спроведените реформи, во подготовката за нашето членство во Унијата. Можам целосно и одговорно да кажам дека имаме целосна поддршка од Европската Унија, со недвосмислена посветеност за успех во нашиот следен исчекор во процесот на европските интеграции, за динамичен преговарачки процес и за полноправно членство во Европската Унија. На состанокот е поздравен нашиот силен фокус кон реформите и усогласувањето на законите и праксите со европските стандарди“, нагласи Ковачевски.

Ss1

Додаде дека се поздравени и политиките на добрососедство, што земјата ги води преку зрел и одговорен пристап, базиран на меѓусебно почитување и дијалог, со отфрлување на популизмот како штетен на овие искрени намери и провоциран од трети страни кои немаат добри намери, за европерспективите на Западен Балкан.

„Република Северна Македонија практикува европски вредности и немаме сомнеж дека одиме по исправниот европски пат.

Работата на Владата е поставена на линија на европската агенда и колку и да звучи амбициозно, јас и сите ние во Владата, веруваме дека Република Северна Македонија во моментов има политички капацитети коишто можат да придонесат, по успешно завршениот скрининг процес во ноември, со динамично темпо да влеземе во преговарачкиот процес и до 2030 година да станеме членка на ЕУ“, вели премиерот.

„Имаме уверување од Европската Унија дека ќе го интензивира својот ангажман на сите нивоа за поддршка на политичката, економската и социјалната трансформација на Северна Македонија.

Во делот на реформите, Владата е подготвена да работи заедно со европските партнери на унапредување на социјалните и економските реформи и на опиплив напредок во владеењето на правото.

Во ЕУ, како и за земјите претенденти за членство, како и за нас клучни се поглавјата 23 (Судство и фундаментални права) и 24 (Правда, слобода и безбедност).
На состанокот се согласивме дека во делот на правото мора да има независност, професионалност, транспарентност и непристрасност на судските авторитети и затоа заеднички ги охрабруваме правосудните органи за видлив напредок на овој план, што е очекување и потреба пред сѐ на граѓаните на нашата држава“, дополнува Ковачевски.

„Република Северна Македонија направи јасен стратешки избор кога се постави целосно и недвосмислено на линија на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што е оценето како посебно важно во новиот геополитички контекст и војната на европскиот континент поради руската воена агресија на Украина. А високо се цени и нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 година, со што Северна Македонија активно придонесува во мирот и стабилноста во предизвикувачкиот глобален контекст. Потврда за тоа е што утре преговорите меѓу Србија и Косово ќе се одвиваат токму во нашата држава“, вели премиерот.

Додаде дека Советот за Стабилизација и асоцијација го поздрави склучениот Договор со ФРОНТЕНКС, што сакам да потсетам дека е прв договор потпишан на македонски јазик и сите други јазици на ЕУ помеѓу Северна Македонија и Унијата.

„Заедно со земјите членки на ЕУ ќе учествуваме во оперативните активности што ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во Северна Македонија и ова е само еден пример што значи почетокот на преговорите со ЕУ, а што донесе исто така и европска финансиска поддршка за нашата држава, во услови на глобалната криза, во висина од 80 милиони евра неповратни финансиски средства, 100 милиони евра макрофинансиска помош со поволна каматна стапка како и над 50 милиони евра помош за инвестиции во инфраструктурата.

Изразуваме задоволство од интересот на Европската Унија за задржување на фокусот кон регионот и неговата европска перспектива и го почитуваме препознавањето на Северна Македонија како фактор на стабилноста, безбедноста и евроатлантските перспективи на целиот Западен Балкан, што е од стратешко значење и за цела Европа“, порача Ковачевски.

Владата и јас лично, како што рече, во наредниот период ќе вложиме максимални напори за успешна реализација на сите потребни активности, со цел натамошно динамизирање на нашиот пристапен процес во Европската Унија.

Ss1

Можете да прочитате

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk

Ковачевски: Само СДСМ може да ги обедини граѓаните зад идејата за европска иднина

„Замисли“ со голема граѓанска акција: Стоп за партиските вработувања во здравството!