Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Цената на лебот се намали, очекувам намалување и на другите цени на храната

Ковачевски: Цената на лебот се намали, очекувам намалување и на другите цени на храната
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За да им помогнеме на граѓаните и на компаниите, обезбедивме фиксна цена и на струјата за фирмите производители на основните прехранбени продукти, порача вечерва од Кочани претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Ковачевски истакна дека мерките што ги презема Владата предводена од СДСМ, кои се насочени постојано да го подобруваат животот на граѓаните и да го зголемуваат нивниот животен стандард, особено во услови на криза, вродуваат со плод.

„Цените на храната почнаа да паѓаат, се намали цената на лебот, очекуваме да се намалат цените на брашното, месото, млекото и на другите основни производи за 10 отсто, и тоа многу бргу“, додаде Ковачевски пред граѓаните.

Можете да прочитате

Цените на нафтата на меѓународните пазари стигна до 62 долари

Димитриеска – Кочоска: Е-фактурата се воведува како нова дигитална алатка во борбата против сивата економија

УЈП: Секој случај за платен данок во странство ќе се разгледува поединечно