Утрински Весник
Македонија

Костовски: Грешка беше што ја поддржав Арсовска, сега лично се пресметува со мене

Костовски: Грешка беше што ја поддржав Арсовска, сега лично се пресметува со мене
Ss2

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, по година и пол, признава дека направил грешка што ја поддржал градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и лично се залагал да добие глас повеќе во вториот круг од изборите. Во интервју за „Макфакс“ вели дека Арсовска, сега, откако ја изгубила поддршката, се пресметува лично со него па реализира проекти кои не се приоритет за граѓаните. Објаснува како улица, за која многумина и не знаат каде се наоѓа, стана главна тема во медиумите и доведе до обвинувања за манипулации, узурпирање државно земјиште, лаги и протести.

dobivaj vesti na viber

Иако улицата Боца Иванова, за која се планира булеварско решение, за која Град Скопје најави почеток на изградба е предвидена и во Деталниот урбанистички план (ДУП) и во Генералниот урбанистички план (ГУП), градоначалникот Костовски ги поддржа граѓаните кои бараат поместување на трасата.

300x250 (7)

„Ниту ГУП ниту ДУП се Библија и можат да се променат. ГУП-от е Устав, но не е Библија. Уставот се менува некогаш, ако е потребно“, вели градоначалникот.

Во интервјуто објаснува зошто токму сега поведоа инцијатива за бришење маркички за 11 згради од кои дел се покај новата улица, кажува дали работи по партиска директива, објаснува зошто не ги реализирал ветувањата што ги даде пред да биде избран, ги најави капиталните проекти во Бутел и зборува за преговорите со синџирот маркети „Лидл“.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена и подобрување на состојбите во Македонија

Николоски: Платформата 1198 нуди бројни проекти кои допираат до сите сфери во животот

Агелер: Ништо нема да се постигне со негласање