ДПМНЕ влезе во коалиција со ДУИ. Повторно се виде дека Мицкоски манипулира, го лаже членството, ги лаже граѓаните. Сите оние услови дека никогаш нема да влезе во влада со ДИУ, сега имаат 4-5 министри му се поклонија на Талат Џафери, кој 2012/13/14 го викаа “господине министре” во министерството за одбрана, а сега го викаат припадник на некои паравоени формации, човек кој не заслужува да биде технички премиер, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Клик плус” на телевизија 21.
Костовски нагласи дека тоа е таа конфузност, контрадикторност на ДПМНЕ која целиот овој временски период граѓаните добро ја гледаат, меѓутоа ова беше печат на сите лаги и манипулации.
Во врска со изборот на членот на ДИК, Костовски истакна дека тоа е техничка работа која треба да се заврши до почетокот на кампањата за изборите.
Состјбата со ДПМНЕ е чудна, сега се главни поддржувачи на кандидатот на Беса за ДИК, бидејќи знаат дека нивниот капацитет е нула, дека се оставени сами на себе, сите побегнаа. Со секого со кого можеше Мицкоски да се скара, се скара, во партијата ги залажува дека ќе победи, пушта некои фејк анкети, кои што сме свесни дека ќе пукнат како меур од сапуница. Така беше 2020 година, нели водеа 7 отсто, па ги изгубија изборите, нагласи Костовски.
Европскиот фронт предводен од СДСМ повторно ќе зададе сериозен удар на сите оние манипулации што ги прави Мицкоски, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Клик плус” на телевизија 21.