Утрински Весник
Македонија

Костовски: Бришењето на маркиците за згради е моја иницијатива, Арсовска го повтори тоа што јас го кажав

Ти не ни знаеше каде се наоѓа општина Бутел, и’ рече градоначалникот Костовски на Арсовска
Dik 300x250 mk

На моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на маркиците за градба на згради, Арсовска само го повтори што го кажав јас, пишува на социјалните мрежи, градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

dobivaj vesti na viber

„Јас како градоначалник не слушам апели од Данела Арсовска и Град Скопје, туку работам неколку чекори пред нив! Арсовска поради недостаток на идеи и иницијативи сака да си присвои нешто за кое воопшто не произлегло од неа. Имено на мое излагање пред медиумите на 9 март јасно и гласно потенцирав дека на моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на спорните маркици за згради. И тоа се случи на 15 март со седницата на Советот на Општина Бутел“, вели Косотовски.

Градоначалникот на Бутел рече дека на Арсовска и требале неколку дена, односно на 11 март да излезе јавно со низа лаги и неосновани обвинувања да го повтори тоа што веќе тој го кажал. Потоа, вели Косотовски, Арсовска ги известила медиумите дека маркиците биле отстранети по нејзина иницијатива.

Костовски порача дека Бутел ќе биде зелена општина со најмногу зелени површини и за тоа не треба да се грижи Арсовска затоа што граѓаните на Бутел имаат градоначалник кој ќе го зачува мирниот и спокоен живот во оваа општина.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Автопатот Велес – Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството