Утрински Весник
Македонија

Конференција за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје

20241003075526 Big 730x400 45.webp.webp

Во организација на Стејт департментот и регионалната иницијатива „Балканската безбедносна мрежа“ (BSN) денеска и утре во Скопје ќе се одржува конференција за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје (ACW) на регионалната и меѓународната безбедност, како и за стратегиите на соработка за зајакнување на контролата, намалување на зависноста и наоѓање одржливи алтернативи.

Како што најавуваат организаторите, конференцијата треба да ја отвори заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски, а учесници се експерти од САД, ЕУ, регионот и земјата.

Дводневната конференцијата вклучуваа експертски панел дискусии со детална анализа на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје и стоките со двојна намена со фокус на режимите на меѓународна контрола вклучувајќи ги санкциите на ЕУ и САД, како и специфични предизвици од оваа област кои произлегуваат од руската инвазија на Украина. Ќе се разгледаат студии на случаи – примери од регионот за последиците од кршењето на санкциите преку ре-извоз на технологии со двојна намена со воена намена. Покрај тоа ќе се направи увид од регионот со преглед на трендовите на диверзификација и модернизација на вооружените сили на Црна Гора, Србија, Словенија, Северна Македонија и други земји во регионот, со посебен осврт на преминувањето од стари ACW со советско/руско потекло на други решенија. Фокус ќе се стави на значењето на информирањето на јавноста за споменатите теми и улогата на стратешките комуникации во борбата против дезинформациите во областа на напредно конвенционално оружје.

За време на дводневната конференција ќе се одржи и панел дискусија на тема „Надвор од претседателските избори: Стратешкиот императив на одбранбената модернизација и соработка„ Слично како неодамнешните избори во Северна Македонија и низ целата евроатлантска сфера, претстојните претседателски избори во САД се набљудуваат со мешавина на неизвесност и исчекување. Надвор од непосредните, изборните промени, трајните стратешки императиви остануваат константни. Основите на политиките за национална безбедност и одбрана – засновани на долгорочно планирање и заеднички интереси. Во ерата обележана со оживувањето на конкуренцијата на големите сили и војната на европско тло, императивот за модернизација на нашите национални одбранбени способности и продлабочување на координацијата меѓу сојузниците никогаш не бил повитален. Зборувајќи од регионален аспект, немаше да се реши ниту еден проблем на Балканот во последните три децении, доколку САД и Европа не беа синхронизирани. Важно за стабилноста на трансатлантската заедница е кохезијата меѓу партнерите.

-Собирот е наменет за претставници на државни институции, академската заедница, истражувачки и научни институции, невладини организации, медиуми и други заинтересирани страни. Цел на конференцијата е размена на знаења во областа на пролиферацијата на ACW и стратегиите на диверзификација преку собирање на домашни, регионални и меѓународни експерти и други заинтересирани страни, информираат организаторите.

Национален координатор на проектот на Балканската безбедносна мрежа за Република Северна Македонија е универзитетскиот професор по безбедност Марјан Ѓуровски.

-Придобивки од проектот се обезбедување детален увид во предизвиците на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје во регионалниот и меѓународниот контекст, согледување на меѓународните напори за зајакнување на контролата и намалување на зависноста, запознавање со националните, регионалните и меѓународните искуства во намалувањето на зависноста и наоѓањето на одржливи алтернативи во областа на напредно конвенционално оружје, можности за вмрежување и градење партнерства, се наведува во најавата.

Можете да прочитате

Тамара Котевска го освои „британскиот оскар“ за документарен филм

Измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, приведени две лица