Утрински Весник
Скопје

Конечно ќе се постават семафори на лошата крстосница на „Васко Карангелески“ во Аеродром

1 59.jpg

ЈП “Улици и патишта”- Скопје информира дека нејзини екипи почнуваат со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата од улица “Васко Карангелевски” со улица “Ангел Димовски” во населба Аеродром.

„Работните активности се изведуваат по налог на Град Скопје, односно  согласно основен сообраќаен проект за воведување на светлосни сигнали на оваа крстосница донесен од Град Скопје и според долго очекуваната согласност од Министерството за внатрешни работи.


Во првата фаза се врши рачен и машински ископ на земјан материјал за поставување на темели за семафорски столбови и ископи за спроведување на семафорската инсталација. По завршувањето на градежните работи, следуваат активностите за монтажа на семафорската опрема и сигнализација.

Со поставувањето на новата семафоризорана крстосница се влијае на проточноста во сообраќајот, а особено на зголемување на безбедноста на граѓаните, учесници во сообраќајот во овој дел од градот“ велат од Јавното претпријатие.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски на средба со Рита Колумбиа: Разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и ОН

Левица: Општина Ѓорче Петров должи над два милиони евра

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки” , фестивал на оригинални песни и детски таленти