Утрински Весник
Спорт

Конечна разврска во групите Е и Ф

Конечна разврска во групите Е и Ф

Вечерва на СП во Катар ќе бидат нови две осминафинални двојки. На програмата се натпреварите од последното коло во групите Е и Ф.

dobivaj vesti na viber

Натпреварите во Е групата ќе се играат од 20 часот. Шпанија за противник ја има Јапонија, а Костарика ќе се пресмета со Германија.

Шпанците се во најдобра позиција, бод им е потребен за да бидат сигурни осминафиналисти. За останатите селекции има неколку комбинации. Сепак најреално е Шпанија да ја победи Јапонија, а Германија да слави против Костарија, што значи дека европските репрезентации би играле во нокаут фазата.

Табела: Германија 4, Јапонија 3, Костарија 3, Германија 1.

Натпреварите во Ф-групата ќе започнат во 16 часот. На прграмата покрај европското дерби Хрватска-Белгија ќе биде и дуелот Мароко-Канада. Со исклучок на Канада останатите три репрезентации имаа реални шанси за пласман во осминафиналето.

Хрватска и Мароко со четири бода се во подбра позиција од Белгија која има три бода. Канада во оваа група е последна без освоен бод.

Можете да прочитате

Германија го декласираше дебитантот Курасао

ФИФА ќе му го исплати целиот хонорар на сомалискиот судија

Хамилтон ја освои ГН на Каталонија со прва победа во Ферари