Утрински Весник
Скопје

Комунална хигиена отстрани диви депонии на Пластичарска улица и во населбата Топаана

Viber Image 2024 09 17 09 01 29 369.jpg

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на ноќта реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Воедно, интервенирано е и на булеварот Македонско-косовска бригада во населбата Топаана, каде што е извршено расчистување на повеќе помали диви депонии.

Посочените локации претставуваат „црни точки“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад на јавни и на сообраќајни површини, информираше ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Можете да прочитате

Пожар во куќа во Карпош, повредена 84-годишна жена

Изет Меџити најави нови еколошки автобуси за Скопје

Чемвено и Џеруто победници на Скопскиот атлетски маратон -нашите маратонци второ и трето место