Утрински Весник
Магазин

Колку е важно навреме да се открие карциномот на бели дробови?

20240312132049.jpg

Ракот на белите дробови, во светот но и во Македонија, е главната причина за смртност од оваа болест и во 2020 година смртните случаи од рак на белите дробови кај нас достигнаа 1 055 или 4,59% од вкупните смртни случаи. Инциденцата или процентот на заболени во нашата земја е 14,9% што значи дека секоја година има по 1135 новооткриени случаи и сме рангирани на 10то место во светот (податоци од СЗО) по смртност.

Извештаите за смртноста од болеста, кај нас и во светот потврдуваат дека повеќе од половина од пациентите со рак на белите дробови умираат во рок од 1 година по дијагностицирање. Исто така, само 20% од дијагностицираните случаи се подобни за операција и тоа е затоа што откривањето се одвива во многу касна фаза.

Докторите потенцираат дека раната детекција е клучна за  навремено интервенирање и третман. Само така може да се зголеми процентот на преживеани како и да се продолжи периодот на преживување кај пациентите со рак на белите дробови.

Откривањето на ракот на белите дробови во рана фаза и пред да се прошири ја зголемува веројатноста дека успешно ќе се излекува. Затоа е потребен скрининг на населението со акцент на одредени групи како пушачите, кои иако немаат никакви знаци или симптоми, влегуваат во ризична категорија.

Злокобноста на болеста доаѓа и од таму што симптомите не се појавуваат се додека болеста не е во касна фаза, а истите многу често се поврзуваат со симптоми на инфекција и долгорочни ефекти од пушењето.

Досега во Македонија не се спровел национален скрининг за рак на белите дробови, што е причина за закаснето откривање на болеста, неоперабилност и големата смртност.

Со предвремено откривање на можните заболени од рак на белите дробови, единствено започна Клиника Жан Митрев. Преку таргетиран, бесплатен и национален скрининг Клиника Жан Митрев ќе ги испитува пациентите кои на некој начин се носители на ризик фактори. Тука влегуваат граѓани од 50 до 75 години кои во текот на 20 години пушеле повеќе од 20 цигари (или 1 кутија) на ден или 2 кутии цигари дневно во тек на 10 години, како и пациенти кои биле пушачи, а престанеле во последните 15 години. Преку скринингот ќе се открие дали носат ризик за развој на рак на бели дробови.

Лицата коишто ќе бидат позитивно дијагностицирани, ќе бидат упатени на целосен оперативен и онколошки третман од стручниот медицински тим во Клиника Жан Митрев.

Сите заинтересирани граѓани коишто сакаат да направат бесплатен скрининг, може да се пријават со пополнување на онлајн прашалник на интернет страницата на Клиника Жан Митрев, а повеќе информации за начинот на пријавување може да добијат на телефонскиот број 02 3091 484. Прашалникот е насочен со цел да се проценат ризик факторите за заболување од рак на бели дробови.

Најчеста причина за рак на белите дробови е пушењето, при што пушачите имаат 10-20 пати поголема веројатност да развијат рак на белите дробови од непушачите. Постојат и други (професионални) причини како што се: азбест, загадување на воздухот, јонизирачко зрачење итн.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста