Утрински Весник
Свет

Русија негира дека украински вооружени групи влегле на нејзина триторија

Ruskata federalna sluzhba za bezbednost go privela estonskiot konzul vo sankt peterburg.jpg

Руската Федерална служба за безбедност (ФСС) ги отфрли тврдењата дека вооружени групи со седиште во Украина преминале на руска територија.

ФСС соопшти дека руските сили убиле 100 луѓе и уништиле неколку оклопни возила додека одбивале обиди за инвазија во руските региони Белгород и Курск.

– Од 10 март, ФСС на Русија, заедно со помошните единици на вооружените сили на Русија, пресретнаа неколку обиди за нарушување на државната граница. Уништени се 100 непријателски персонал, шест тенкови, самоодна артилерија „Цезар“, 20 единици оклопни возила, и еден пункт, соопшти Центарот за односи со јавност на ФСС.

Центарот ги демантираше податоците објавени на социјалните мрежи дека непријателските единици влегле во некои руски населби лоцирани во близина на границата со Украина.

Извршени се воздушни, ракетни и артилериски напади врз украинските единици кои се обиделе да влезат на територијата на земјата, соопшти руското Министерство за одбрана.

Можете да прочитате

Потоп на светските берзи – избришани речиси 9.000 милијарди долари

18-годишник во Германија осомничен дека планирал напад врз џамија со оружје изработено на 3Д-печатач

Експлозија на ракета или дрон во Полска