Утрински Весник
Магазин

Колин Фарел со прва номинација за „Оскар“ за најдобар актер

Колин Фарел со прва номинација за „Оскар“ за најдобар актер
300x250 (7)

Колин Фарел изјави дека е благодарен за поддршката што ја доби неговиот најнов филм, по веста дека ја заработи својата прва номинација за „Оскар“ за најдобар актер.

dobivaj vesti na viber

Номинациите за овогодинешните награди на Академијата за филмски уметности и науки беа објавени на 24 јануари, а свечената церемонија ќе се одржи на 12 март во Лос Анџелес.

Ss1

Ирскиот талент предводи во номинациите, со признанија во главните категории, вклучувајќи најдобар филм, најдобар актер, најдобра споредна машка и најдобра споредна женска улога.

Ирската трагикомедија The Banshees оf Inisherin („Духови на островот“) на режисерот Мартин Мекдонах е еден од врвните филмови што добија големо признание со девет номинации. Пред него е само Everything Everywhere All At Once со 11 номинации.

Колин (46) е номиниран за најдобар актер, што му е првпат во оваа категорија. Тој е во трка со Бил Наји (73) и Пол Мескал (26) – и двајцата исто така номинирани за првпат.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август