Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавено видео од пукањето во амбасадата на Азербејџан во Иран

(Видео) Објавено видео од пукањето во амбасадата на Азербејџан во Иран

Еден чувар загина, а две лица се повредени во пукање во амбасадата на Азербејџан во Иран, соопшти полицијата, а Азербејџан нападот го оцени како чин на тероризам.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот со калашников го убил шефот на обезбедувањето, соопшти азербејџанското Министерство за надворешни работи. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, остро го осуди нападот, додавајќи дека инцидентот се истражува.

Судијата Мохамад Шахрирари рече дека мотивите на напаѓачот биле лични. Тој истакна дека напаѓачот рекол дека неговата сопруга отишла во амбасадата на Азербејџан во Техеран и не се вратила дома, па мислел дека е таму. Жената е по потекло од Азербејџан.

На социјалните мрежи е објавено видео од нападот од надзорна камера.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека нападот е тероризам и побара сторителот брзо да се казни. Министерството за надворешни работи на Азербејџан најави дека наскоро ќе го евакуира персоналот на амбасадата поради инцидентот. Изјавите на иранските власти не укажуваат на тоа дека нападот бил политички мотивиран.

Азербејџан овој месец го назначи својот прв амбасадор во Израел, во услови на зголемени тензии со Иран. Израел има амбасада во Баку од раните 1990-ти и во последниве години му пружи силна воена поддршка на Азербејџан, вклучително и во спорот за Нагорно-Карабах.

Можете да прочитате

Почина патник (33) на летот на Рајанер над Италија, во авионот била и неговата бремена сопруга

Разоткриена британска веб-страница која нудела услуги на сајбер криминалци

Израелски министер: Смртната казна за палестинските затвореници е решение за пренатрупаноста во израелските затвори