Челси официјално го објави потписот на офанзивниот играч за врска на Манчестер Сити, Кол Палмер. „Сините“ од Лондон ќе ја платат сумата од 40 милиони фунти плус можни бонуси за 21-годишниот талентиран Англичанец.
Палмер, кој е тинејџер на Манчестер Сити, потпиша долгорочен договор со Челси до 2030 година, со опција за продолжување на договорот.
Младиот фудбалер добро ја започна сезоната за „граѓаните“, постигнувајќи два гола на три меча – во финалето за „Комунити Шилд“ со Арсенал и во мечот за Суперкупот на Европа против Севилја.
Минатата сезона, тој одигра 25 натпревари за Манчестер Сити, постигнувајќи еден гол и една асистенција. Палмер имаше и 13 настапи и четири гола за селекцијата на Англија до 21 година, која го освои Европското првенство ова лето.
‘Take risks. Score goals.’
Cole’s here to make memories. ✨ pic.twitter.com/AIWGRtr57F
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 1, 2023