Утрински Весник
Македонија

Коцевски: Од Бугарија стигна одговорот за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

Img 7216.jpeg

Основното јавно обвинителство Скопје го доби одговорот од Бугарија што го бараше преку меѓународна правна помош во рамки на предистражната постапка за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, во гостување на емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, вечерва изјави дека не може да ја открие содржината на документот, но нагласи дека одговорот ги поттикнал да испитуваат и други околности и факти.


„По меѓународна правна помош стигна од Бугарија – дали работела или не таа школа и дали издавала или не такви сертификати“, рече Коцевски, алудирајќи на училиштето „Јулија Ко.“ од Пловдив, од каде што Христовски го добил својот ТОЕФЛ-сертификат.

Тој најави дека наскоро ќе биде донесена и соопштена одлуката на обвинителството во врска со овој случај.

Можете да прочитате

За две недели МВР поднесе 26 кривични пријави за семејно и родово базирано насилство, определени се 5 мерки притвор

Почувствуван земјотрес во југозападниот дел од земјава, епицентарот во Грција

8 Март како огледало: дали знаеме да слушнеме пред да биде доцна?