Утрински Весник
Македонија

Коалицијата „Вреди“ ги повика институциите да ги истражат тендерите што ги добила фирмата фамилијарно поврзана со пратеникот Азири

Vlen.jpg

Борбата против политичката корупција е завет на Коалицијата ВРЕДИ. Одговорно тврдиме дека не сме како нашите претходници, кои се занимаваа исклучиво со политички реваншизам.

Јасно е дека Албанците очекуваат правна разврска за сите основани сомневања за сторен криминал или злоупотеба на политички функции за обезбедување на профит за блиски лица.

Заврши времето кога политичарите се заштитени како посебна каста која има повеќе права и можности од обичните Албанци.

Да резимираме.

Фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ, увоз-извоз од Куманово, чиј сопственик е внук на пратеникот на таканаречениот Европски Фронт, Елми Азири, во период од само една година, од државни институции наплатила вкупен износ од 7 милиони денари.

Речиси во сите државни институции во тој период, раководители се кадри на Артан Груби и ДУИ.

Сега стана јасно зошто пратеникот Елми Азири беше еден од најгласните поддржувачи на коалицијата на Зијадин Села со Али Ахмети.

Време е за акција!

Ги повикуваме Антикорупциската комисија, Финансиската полиција и Јавното Обвинителство да проверат:

Дали пратеникот Елми Азири во анкетниот лист пријавил дека фирмата на внукот на неговата сопруга е потенцијална околност за конфликт на интереси?

Дали пратеникот Елми Азири во периодот јуни 2021 до октомври 2022 или после го зголемил својот или имотот на неговата сопруга?

Да истражат дали тендерите кои ги добила фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ, увоз-извоз од Куманово се последица на политичко влијание остварено од пратеникот Елми Азири?
Очекуваме институциите да делуваат во разумен рок и им се ставаме на целосно располагање за дополнителни информации кои сметаат дека ќе им помогнат во ефикасно расчистување на ова досие.

Ние продолжуваме понатаму со објавување на основани сомневања за политичка корупција во режија на кадрите на Али Ахмети и Зијадин Села.

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци