Утрински Весник
Македонија

Коалицијата што ја предводи СДСМ ги достави листите за пратеници до ДИК

Sdsm 3.jpg

Коалицијата што ја предводи СДСМ прва ги достави листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај. Како што информираат од ДИК, доставени се листи за пратеници за сите шест изборни единици.

Рокот за доставување на изборните листи за пратеници истекува вечерва на полноќ, а денеска исто така се очекува ДИК да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори.

Собранието вчера донесе нови измени на Изборниот законик со кои политичките партии односно листите за пратеници ќе го имаат истиот број како и кандидатите за претседател за изборите на 24 април

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Редот, правдата и контролата се најголемиот страв на ДУИ

Јавен обвинител извршил увид на местото на злосторот во Прилеп – пронајдени три безживотни тела

ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека водела 5:1 во однос на СДСМ