Утрински Весник
Магазин

Кој стои зад лажната вест дека Шварценегер починал?

Кој стои зад лажната вест дека Шварценегер починал?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Објава за наводна смрт на поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер се шири низ интернетот. Сепак, шпекулациите немаат ни ронка вистина.

dobivaj vesti na viber

Тоа е измама.

Пензионираниот професионален бодибилдер, актер и политичар, кој се прослави како андроид убиец во култниот серијал „Терминатор“, е жив и здрав.

Како што би рекол терминаторот, „Ќе се вратам!“ – што значи дека се вратил од измислената смрт, пренесуваат медиуми.

Измамата за смртта на Шварценегер почна да се шири откако неколку луѓе споделија пораки со сочувство на „Фејсбук“.

Фановите кои ја видоа објавата беа збунети. Објавите имплицираа дека актерот починал, но немаше написи за неговата смрт на главните медиумски сајтови.

Работите да бидат уште полоши, на „Јутјуб“ се појави видео во кое се тврди дека актерот починал.

Насловот на видеото е „Пред 5 минути / Почивај во мир Арнолд Шварценегер / Збогум Арнолд Шварценегер“.

Кој ги шири овие гласини дека Арнолд нема да се врати затоа што е мртов?

Според новинарите на весникот „Сан“, тоа е група измамници. „Измамата најверојатно била дело на т.н пранкери кои намерно ја започнале бизарната гласина на Фејсбук. На интернет постојано се појавуваат десетици измами за смрт на познати личности, а Шварценегер е далеку од единственото име од висок профил – жртва на лажни извештаи.“

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци што најчесто ги нервираат другите

Хуманитарна новогодишна изложба на олдтајмер клубот ВМ Класик во Џевахир Мол

Млада Месечина во Стрелец на 19 декември: Што ги очекува хороскопските знаци?