Утрински Весник
Спорт

„Кнезовите“ со пресврт до победа против Басконија

„Кнезовите“ со пресврт до победа против Басконија

Кошаркарите на Монако стигнаа до пресврт во неизвесна завршница и славеа над Басконија со 79:74 во натпреварот од осмото коло на кошаркарската Евролига. Избраниците на Саша Обрадовиќ заостануваа во поголемиот дел од последниот период, но благодарение на расположениот Ели Окобо, кој на крајот ги постигна речиси сите поени за „кнезовите“, успеаја да направат пресврт и да остварат победа.

dobivaj vesti na viber

Окобо беше убедливо најефикасен кај победникот со 22 поени. На Басконија вечерва не ѝ беа доволни 17 поени од расположениот Пјер Анри и 13 поени од Дариус Томпсон.

По оваа победа Монако има 6-2 и го дели второто место со Олимпијакос, додека Басконија има делумен ефект од четири победи и исто толку порази.

Кошаркарите на Жалгирис на својот терен во Каунас ја совладаа Олимпија Милано со 71:62.

Домашната екипа до победата ја предводеше одличниот Кинан Дејвис со 21 поен, тој беше и единствениот двоцифрен во тимот од Каунас.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија