Утрински Весник
Спорт

Клоп се извлече без суспензија, но ќе мора да плати казна за црвениот картон

Клоп се извлече без суспензија, но ќе мора да плати казна за црвениот картон

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, доби директен црвен картон на натпреварот против Манчестер Сити во 11. коло од Премиерлигата. Клоп беше бесен за недосуден фаул над египетската ѕвезда Мохамед Салах.

dobivaj vesti na viber

„Црвените“ се жалеа на казната на менаџерот да пропушти еден натпревар, а ФА на Англија го разгледа ова барање и соопшти каква ќе биде казната за германскиот стратег.

Клоп ќе биде казнет со 30.000 фунти, но ќе може да раководи со својот тим и нема да биде дополнително суспендиран. Ова значи дека менаџерот на Ливерпул ќе биде достапен за саботниот меч против Лидс Јунајтед на „Енфилд Роуд“.

Можете да прочитате

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот