Утрински Весник
Спорт

Кливленд во дербито ја победи Оклахома

Untitled 25.jpg

Кливленд Кавалирс го добија дуелот на најдобрите тимови во НБА лигата. Кавалирс ги победија Оклахома сити Тандер со 129:122. Поразот во Кливленд е прв за Оклахома по 15 последовни победи.

Џерет Ален доминираше со 25 поени, Мобли додаде 21. Кливленд има скор од 32 победи и четири порази, во досегашниот тек од сезоната Кавалирс немаат пораз против тимовите од Западот, а на домашен терен претрпеа само еден пораз во 20 натпревари.


Тандер загубија прв пат од 1.декември, до дуелот со Кливленд нанинжаа 15 победи.

Ова е прв пораз на Тандер од првиот ден од декември, Шеј Гилџес-Александер постигна 31 поен, Вилијамс додаде 25.

Ова е само трет пат во историјата два тима чија победничка серија во тој момент беше двоцифрена да играат меѓу себе. И за прв пат по еден век, ова е случај Последната таква игра ја одиграа Сиетл и Јута во средината на 1990-тите, кога Соникс и Џез имаа по десет победи.

Единствените четири тима кои имаа подобар учинок од Кавс по 36 натпревари се Вориорс од 2015-16 година, Филаделфија од 1966 година со Вилт Чембрлен, митските ЛА Лејкерс од почетокот на 1970-тите и секако Чикаго Булс на Мајкл Џордан Чикаго од сезоната 1995/96

Резултати:

Кливленд – Оклахома 129:122
Индијана – Чикаго 129:113
Филаделфија – Вашингтон 109:103
Бруклин – Детроит 98:113
Њујорк – Торонто 112:98
Њу Орлеанс – Портланд 100:119
Денвер – ЛА Клиперс 126:103
Милвоки – Сан Антонио 121:105

Можете да прочитате

Тренерот на Евертон поднесе оставка

Потер нов тренер на Вест Хем

Тотенхем го победи Ливерпул во првиот натпревар од англискиот Лига куп