Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Изгаснати пет пожари на отворено, пронајдена една експлозивна направа во близина на Општина Чашка

Cuk 396759 399441 414855.jpg

Во последното деноноќие имало пет пожари на отворен простор и сите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Четворица скопски пожарникари вчера, од 16:50 до 17:40 часот, со едно противпожарно возило гаснеле запалено ѓубре на обиколница кај Качанички пат, Општина Чучер Сандево.


ТППЕ Штип вчера, од 15:45 до 16:45 часот, гаснела запалена ниска вегетација и стрниште во атар на село Горни Балаван.

Четворица пожарникари од ТППЕ Кочани вчера, од 12:39 до 13:50 часот, со две возила интервенирале на запалена ниска вегетација и нискостеблеста шума кај село Бали. Четворица пожарникари со две возила вчера од 13:58 до 16:00 часот гаснеле запалена ниска вегетација и нискостеблеста шума кај месноста Мегдан во Општина Кочани. Пожарникарите вчера гаснеле и запалена дива депонија кај Стара касарна во Кочани.

ЦУК информира дека вчера, околу 13 часот, била пронајдена експлозивна направа во непосредна близина на село Крајници, Општина Чашка.

– За настанатата состојба се известени ДЗС Велес за преземање мерки и активности во нивната надлежност, за безбедно отстранување и неутрализирање на неексплодирани убојни средства, се вели во соопштението.

Вкупно 1 837 повици имало во последното деноноќие на бројот за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 56,56 отсто, а 43,44 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 67,32 отсто, кон итната медицинска помош 27,89 отсто, а кон пожарникарите 3,10 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Можете да прочитате

СДСМ: Одговорноста е кај Гаши и за Даути и за незакажување на седницата на Комисијата

Забрана за камиони на неколку патни правци, сообраќајот се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег

Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување