Утрински Весник
Свет

Кина започна специјална поморска операција во близина на Тајван

20260607100053 big 730x400 13.webp.webp

Кина објави дека почнала „специјална поморска операција“ источно од Тајван, дополнително заострувајќи го својот одговор на неодамнешниот договор меѓу Јапонија и Филипините. Тие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, јави Блумберг.

Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ , јави Синхуа. Според истиот извештај, целта на тој потег е да се спроведе „поморската административна надлежност“ на Кина и да се заштитат националните интереси.


Потегот на официјален Пекинг претставува силна ескалација и директен одговор на најавата на Токио и Манила дека ќе седнат за да ги решат граничните спорови. Тие разговори се однесуваат на води источно од Тајван, самоуправна демократија што Пекинг ја смета за своја територија. Споменатата област, исто така, се преклопува со ексклузивните економски зони на кои Кина полага право.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд