Утрински Весник
Свет

САД планираат надомест за штети за сојузниците во Перискиот Залив од ирански средства

20260607082142 big 730x400 90.webp.webp

Администрацијата на САД ќе се обиде да ги користи иранските средства за земјите од Персискиот Залив за обнова и надомест на штетата предизвикана од Иран во воениот конфликт, изјави извор запознат со тоа прашање, додека Техеран продолжува со напади со дронови по бранот напади врз Кувајт и Бахреин.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, побара од своите помошници да ја проценат штетата што Иран досега им ја предизвикал на американските сојузници во Персискиот Залив, изјави изворот, додавајќи дека САД ќе разгледаат користење на иранските средства за да надоместат каква било идна штета, јавија американски медиуми.


Информацијата беше објавена еден ден откако Мохсен Резаи, советник на врховниот лидер на Иран, изјави за Си-Ен-Ен дека мировниот договор за ставање крај на тримесечната војна зависи од ослободувањето на 24 милијарди долари ирански средства замрзнати од САД.

Изворот не прецизираше кои ирански средства ги разгледува Министерството за финансии.

Заканата од пренасочување на иранските средства би можела да предизвика нови тензии за кревкото примирје меѓу САД и Иран, што повторно беше тестирано овој викенд со напади од двете страни.

Мировните преговори се во застој, иако министер од посреднички Пакистан отпатува во Техеран вчера со писмо до врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаб Хамнеи, објави полуофицијалната иранска новинска агенција ИСНА.

Можете да прочитате

Кина започна специјална поморска операција во близина на Тајван

Мнозинството Британци не сакаат укинување на правилата за Брегзит

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори