Утрински Весник
Свет

Киев ги повика жителите на истокот и југот на Украина да се евакуираат пред студот

Киев ги повика жителите на истокот и југот на Украина да се евакуираат пред студот

Украинската влада ги советува луѓето од конфликтните зони на истокот и југот на земјата да бегаат пред почетокот на студеното време.

dobivaj vesti na viber

„Повикувам на евакуација од Доњецк, Керсон, Запорожје и дел од регионот Харков пред почетокот на студеното време“, изјави за украинската телевизија во средата вицепремиерката Ирина Верешчук.

Таа советуваше и дека никој не треба да се враќа во тие области пред следната пролет, дури и ако се реши проблемот со снабдувањето со топлинска енергија.

Таа рече дека досега владата само наредила присилна евакуација за регионот Доњецк. Ова во моментов се разгледува за другите области или нивни делови, рече Верешук.

Украинското раководство очекува тешка зима поради руската војна. Снабдувањето со струја, вода и парно нема да функционира или ќе функционира само во ограничен обем во некои делови од државата поради оштетување на инфраструктурата.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела