Утрински Весник
Скопје

КХС расчистила 45 кубни метри отпад од диви депонии

Viber Image 2025 01 02 10 18 48 947.jpg

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување  45 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Центар, Гази Баба и Чаир.

Интервенирано е на улиците Даме Груев и Васил Ѓоргов во општината Центар, каде што се подигнати приближно 15 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни и сообраќајни површини. Во општината Гази Баба е отстранета дива депонија лоцирана на улицата Алија Авдовиќ.


ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно реализираше активности и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што во рамките на третата смена се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата Максут Садик, спроти Амбасадата на САД.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

СДСМ: Неспособноста на ДПМНЕ го остави пола Скопје без парно