Утрински Весник
Спорт

Кеси не сака во Интер, тоа го отежнува трансферот на Брозовиќ во Барселона

Кеси не сака во Интер, тоа го отежнува трансферот на Брозовиќ во Барселона

Играчот од средниот ред на Барселона, Франк Кеси, нема желба да се врати во Италија. Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска категорично одби да биде вклучен во договор со кој Марсело Брозовиќ од Интер би дошол во Барселона, а Кеси би се вратил во Серија А.

dobivaj vesti na viber

26-годишниот фудбалер за врска би го напуштил „Камп Ноу“ само доколку тренерот Чави Ернандез лично му каже дека неговите услуги не му се потребни. Се верува дека дури и тогаш приоритет за играчот од средниот ред ќе биде да пронајде клуб во Англија.

Кесие помина седум години во Италија пред минатото лето да се пресели во Барселона на слободен трансфер. Тој забележа 28 настапи во Ла Лига, но ретко беше дел од стартниот тим на каталонскиот гигант.

Можете да прочитате

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1