Утрински Весник
Магазин

Kели Брук, жената со најсовршено тело според научниците, долго време била аутсајдер во светот на модата

Kели Брук, жената со најсовршено тело според научниците, долго време била аутсајдер во светот на модата

За британската манекенка и актерка Кели Брук научниците пред неколку години заклучија дека има идеално женско тело со совршена фигура, а магазинот FHM ја прогласи за најсекси жена на светот.

dobivaj vesti na viber

Студијата ги зема предвид висината, тежината, должината на косата и обликот на лицето. „Оваа жена е сосема природна и научно совршена,“ изјавија тогаш авторите на студијата.

Според научниците, БМИ (индекс на телесна маса) од 18,85 и пропорции на телото 93-61-87 цм се смета за идеален.

Кели е висока 168 сантиметри, а нејзините пропорции се 99-63-91, што ја прави најблиску до идеалот. Дополнителен плус, според авторите на студијата, е тоа што не била подложена на естетска операција.

Кели денес има 43 години, а неодамна  откри дека никогаш не се чувствувала подобро во својата кожа. „Се фотографирав речиси секој ден од мојот живот и навистина можам да ги видам доказите за тие несреќни времиња. Ги гледам моите стари фотографии и велам: „Ох, тогаш бев навистина слаба“, а потоа се сеќавам дека бев слаба бидејќи тогаш нешто ми се случувало“, изјави таа за британските медиуми.

„Кога поминувате низ лош период, тоа влијае на вашата исхрана. Бев најмизерна кога бев најслаба,“ додава Кели.

Таа денес е во брак со Џереми Париси, кој, како што тврди, многу ѝ помогнал со самодовербата.

„Не е случајност дека сум најсреќна во своето тело сега кога сум во брак, кога го работам она што го сакам со луѓето што ги сакам, кога сум малку постара и позрела и кога воопшто се е добро во моето семејство и сите се здрави,“ објаснува Кели.

Таа минатата година во интервју за магазинот Fabulous се пожали на проблемите кои ги имала во модната индустрија поради облините. Поради својот изглед долго време се чувствувала како аутсајдер во светот на модата и често се откажувала да оди на кастинзи.

„Отсекогаш сум сакала да работам со модни дизајнери, со модни брендови, но малкумина беа отворени за соработка со мене поради мојот изглед. Жените како мене не им одговараа,“ изјави Кели и додаде: „Модната индустрија, за среќа, се промени.“

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб