Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Ранковце

Скопјанка загина во тешка сообраќајна несреќа  во Чаир

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, атар на с.Псача, општина Ранковце.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила меѓу автомобил „тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од З.К.(52) од Крива Паланка и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(48) од Република Србија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле З.К. и неговата сопатничка М.К.(52) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.К.(21) од Крива Паланка, констатирани во Општа болница во Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Можете да прочитате

Петровска: Нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија

Јакимовски: Се потврди дека Левица и ЗНАМ се со коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, единствена трета опција е ГРОМ

Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС – прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ