Утрински Весник
Свет

„Албаниан пост“: Курти како премиер е национална опасност

„Албаниан пост“: Курти како премиер е национална опасност
300x250 (7)

Откако Вашингтон донесе низа одлуки против Приштина, медиумите и опозицијата во Косово го повикуваат премиерот Аљбин Курти да поднесе оставка.

dobivaj vesti na viber

Според „Албаниан пост“, по неговата оставка би морало да почне широка истрага за него и луѓето околу него, за да се утврди дали „одредени влијанија или индивидуалното лудило“ довеле до отворената критика на САД кон Приштина.

300x250 (7)

Албанските медиуми се повикуваат на зборовите на американскиот амбасадор во Косово, Џеф Ховениер.

„Го предупредивме, не не послуша. Го замоливме да не го прави тоа, тој го направи. Му рековме да се повлече, тој не не послуша“, рече Ховениер опишувајќи го разговорот со Курти.

„Реагиравме жестоко. Бевме целосно против реакцијата на полицијата бидејќи знаевме какви ќе бидат последиците. Побаравме од Курти да преземе конкретни чекори за намалување на тензиите на северот, тој не одговори на овие барања“, рече Ховениер меѓу другото.

Незнаењето не се казнува со закон, туку треба да се казнува политички, пишува албанскиот сајт и додава дека загрозувањето на односите со САД од страна на Курти е последица на политички аматеризам.

Тие тврдат дека Курти во неколку наврати покажал дека е деструктивен, но не ги преминал границите. Според „Албаниан пост“, многумина заборавиле дека партијата Самоопределување на Курти еднаш го обвини НАТО за зголемување на српското етничко чистење на Косово и за зајакнување на територијалниот интегритет на Србија.

„Никој друг не предизвика штета каква што успеа да нанесе најголемиот херој на модерното време, Аљбин Курти. Неискрен во сите димензии, тој им се потсмеваше и продолжува да им се потсмева на Албанците до крај,“ пишува „Албаниан пост“.

Тие го обвинуваат Курти дека целта му била Косово никогаш да не стане држава, но кога станало, тврди „ Албаниан пост“, Курти „ја украде премиерската позиција и се обидува целосно да ја уништи земјата“.

Во статијата се посочува дека Приштина нема поважен партнер за својата безбедност од САД, а дека Курти решил да ги деградира. Иако Курти и претходно ризикуваше да ги уништи односите меѓу Приштина и Вашингтон, сега е сосема поинаку. Досега добиваше опомени, а сега првпат и конкретна казна.

„Овој човек ја нападна косовската дипломатија, односно ја нападна националната безбедност на Косово“, го обвини Курти „Албаниан пост“.

Американскиот командант на НАТО за Европа донесе одлука да го откаже учеството на Косово во „Бранител на Европа 2023“ и дека тоа е само прва последица за Косово и тоа не може да се промени. Нема кој не знае дека дипломатијата и безбедноста се двата столба на националната безбедност, а во Косово дипломатијата ги вклучува и двете.

Порталот тврди дека Курти отсекогаш се обидувал да го направи ова, но не бил премиер, па не можел, но сега е, па има капацитет да предизвика сериозна штета.

„За две години на власт, Курти им нанесе штета не само на извештаите, туку и на дипломатската способност на Косово на највисоко ниво, со што ја оштети националната безбедност повеќе од кој било друг. Тој, како премиер, е национална опасност“, предупредува албанската веб-страница.

Според нив, Приштина е на добар пат да ги уништи односите со САД. Тие ја повикаа политичката и интелектуалната опозиција во Косово да му се спротивстават на Курти за тој да не ја продлабочи штетата.

„Курти би морал да поднесе оставка иако веројатно нема да го стори тоа. Но, дефинитивно треба да си замине и тоа секако ќе се случи“, заклучува „Албаниан пост“.

 

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската влада на трговците им даде рок од две недели да ги намалат цените на горивата

ОН: Речиси 282 милиони луѓе во светот се соочува со акутен глад во 2023 година

Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“