Утрински Весник
Македонија

Казнети 54 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Казнети 54 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.05.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот на територијата на Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 54 возачи. За време на контролата санкционирани се и 137 останати прекршоци.

dobivaj vesti na viber

МВР апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ