Утрински Весник
Спорт

Казнет најомразениот играч во НБА лигата

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Dik 300x250 mk

НБА лигата објави дека кошаркарот на Мемфис Гризлис, Дилон Брукс е казнет со 35.000 долари бидејќи повредил еден од камерманите на натпреварот против Мајами Хит, кој се играше ноќта од среда кон четврток.
Мемфис го загуби тој натпревар со 138:119. Снимателот извесно време нема да може да работи.

dobivaj vesti na viber

Дилон Брукс стана најомразениот играч во НБА оваа сезона. Често влегува во непотребни конфликти на теренот, провоцира и прави валкани потези.

Неговиот соиграч Џа Морант, најдобриот играч на Мемфис, доби суспензија од осум натпревари оваа недела затоа што објави видео на социјалните мрежи како мавта со пиштол во ноќен клуб.

И покрај сите овие престапи, младиот тим на Мемфис во плеј-офот ќе влезе од висока позиција. Моментално се третопласирани во Западната конференција со скор 42-27.

 

Можете да прочитате

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина