Утрински Весник
Македонија

Катерина Димитровска ја презема пратеничката функција по оставката на Марија Митева

439019119 10228482604963179 5726417121762787179 N.jpg

Катерина Димитровска од Изборната единица 1, на листата за пратеници на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е новата пратеничка во Собранието. На денешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, соопшти дека Димитровска го прифатила мандатот и ќе го пополни испразнетото место во законодавниот дом.

Димитровска ја заменува Марија Митева, која неодамна поднесе оставка на функцијата пратеник и беше назначена за нов портпарол на Владата.

Можете да прочитате

Зајкова: Отворените листи се можност граѓаните сами да ги избираат своите претставници, а не партиските лидери

ТИТАН Усје со нов портал за животна средина ја зајакнува транспарентноста и ќе објавува средно-дневни вредности од емисиите

Николоски: Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, урбани паркови, плоштади