Утрински Весник
Магазин

Катар ервејс ја претстави „Сама“ – првата стјуардеса со вештачка интелигенција

O 1915798 1024.jpg

Авиокомпанијата „Катар ервејс“ воведува виртуелен член на кабинскиот екипаж кој ќе им помага на патниците во авионот и на аеродромот, кој на прв поглед не се разликува од другите стјуардеси.

Дигиталната стјуардеса по име Сама (небо на арапски) може да одговара на прашања во реално време, да комуницира со патниците и тоа да го прави со помош на вештачка интелигенција, пишува Њујорк пост.

Таа моментално зборува само англиски, но планира до крајот на годината течно да зборува и други јазици, вклучително и арапски.

-Ова е монументална точка во водењето на успешна синергија меѓу технологијата и луѓето – не само за Катар ервејс, туку и за воздухопловната индустрија како целина – рече потпретседателот за маркетинг на компанијата Бабар Рахман, додавајќи дека интеракциите ќе бидат пријателски.

Сама комбинира „технологија со емпатија и персонализација“ и нуди „ангажман интеракции што го отсликуваат човечкиот разговор“. Таа е дизајнирана да учи од однесувањето на патниците преку „сеопфатни визуелни интеракции“.

Патниците можат да го искористат максимумот од Сама и таа да ги води низ 3Д мапираните погледи на аеродромот, ВИП салоните и да одговара на прашања поврзани со патување, багаж, пријавување…

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста