Утрински Весник
Македонија

Сообраќајна незгода во строгиот центар на Скопје, повреден мотоциклист

Screenshot 2026 09 25 151257.jpg

Сообраќајна незгода се случи денеска на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, во близина на зградата на поранешна „Нова Македонија“ во центарот на Скопје.

Според првичните информации, во несреќата е повреден доставувач кој се движел со мотоцикл.


На местото на сообраќајката можеше да се забележи паднат и оштетен мотоцикл за достава, како и расфрлани делови на коловозот. Во непосредна близина бил запрен и автомобил, но засега нема официјални информации за точните околности под кои дошло до незгодата.

На местото пристигна полиција, која го обезбедуваше просторот и го регулираше сообраќајот. Поради незгодата, движењето на возилата на овој дел од булеварот се одвиваше отежнато.

Засега нема официјални информации за степенот на повредите на доставувачот.

Повеќе детали за причините и околностите на сообраќајната незгода се очекуваат по завршувањето на полицискиот увид.

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт