Утрински Весник
Македонија

Кашиковски: Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Kashikovski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ денеска повторно протестираа поради неисплатената плата за септември. Од 8 до 11 часот ја блокираа крстосницата пред Зоолошката градина – Скопје и булеварот „Илинден“, кај Матично. Најавуваат дека ако во текот на денешниот ден не ја добијат платата, утре, од 7 до 9 часот, ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. 

– За жал, и покрај нашите напори да стапиме во контакт со раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, односно со директорот, не успеавме, и начинот да го изразиме својот револт за неисплатена септемвриска плата е преку блокирањето на крстосницата кај Зоолошка и булеварот „Илинден“. Покрај неисплатената плата за септември, вработените се уште немаат земено ниту регрес за годишен одмор или популарно К-15, ниту јубилејни награди, ниту отпремнина на оние вработени кои заминуваат во пензија, изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски.


Тој информира дека покрај протестите, имаат поднесено и пријави до Државниот инспекторат за труд, имаат поднесно кривична пријава против директорот за неисплата на регресот за годишен одмор и најверојатно, како што рече, ќе продлжат и со поединечни тужби од страна на вработените за се она што им следува по закон и Колективен договор, а не им е исплатено. 

– Имавме најава дека платата ќе се исплати во петокот, а не се исплати. Доколку и денес повторно не се исплати платата за септември, вработените ќе продолжат со искажување на својот револт преку организирање протест. Од утрешниот ден протестите ќе бидат од 7 до 9 часот со блокирање на двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, појасни Кашиковски. Додаде дека не наишле на прием од раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен