Заменик лидерот на Хезболах, Наим Касем, во снимена порака емитувана на либанската телевизија, ги обвини САД дека се партнер на Изрзаел во сè што се случува во Појасот Газа.
– САД се суштински партнер на Израел во нападите во Газа, истакна Касем додавајќи оти Иран е одлучен да го поддржи отпорот против Израел.
Тој посочи и дека убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала внел „страв во срцата на ционистите и се бореше против криминалците окупатори“.
За Касем минатогодишниот напад на Хамас врз Израел е „прв чекор кон промени“ и упати критики кон Израел поради „убивање на жени, деца и стари лица“ во Појасот Газа.