Утрински Весник
Македонија

Камерното трио „Анимато“ со богата програма повторно пред публиката, во Даутпашиниот амам

Animato 3 1068x801 1.jpg

Дела од Алексеј Шор, Бете Илин, Силвиан Гино и Аник Озиер Лафонтен премиерно ќе бидат изведени од камерното трио „Анимато“, на 14 октомври 2024 година, со почеток во 19 часот во Даутпашиниот амам. На програмата на концертот се и дела од Астор Пјацола, Едвард Елгар и Габриел Форе.

Дел од „Анимато“ се м-р Светлана Димитриевска (пијано), м-р Даниела Неделковска (флејта) и м-р Симона Марочковска Манојловска (флејта), професорки во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје.

Ова трио со уникатен состав, пијано и две флејти, веќе четири години ја збогатува македонската камерна музичка сцена.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Можете да прочитате

Возач на мотоцикл излетал од патот

Судијата Ѓоко Ристов не се чувствувал виновен за митото

Мицкоски: За само две години сме оствариле додадена вредност поголема од таа на СДСМ и ДУИ за 6 години, а долгот е за речиси 2 ипол пати помал