Утрински Весник
Македонија

Каришиќ за убиството: Таткото на Вања беше конфузен и потиштен

459418063 1624354338141109 1591220828082460721 N.jpg

На денешното судење за двојното убиство на малата Вања и Панче од Велес, Музафер Каришиќ, сведок предложен од обвинителството, даде своја изјава за инцидентот. Каришиќ, кој во времето на трагедијата бил помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи, сподели дека првиот впечаток за таткото на девојчето бил „чуден и конфузен“ за него и за неговите колеги.

„Од моментот кога добивме пријава за исчезнато девојче, бев информиран од началникот на СВР Скопје и ја презедов координацијата на службите. Веднаш контактирав со станицата која беше надлежна за пријавата, од каде ме известија дека преземени се сите потребни мерки. Ноќта кога се појавија шпекулации за киднапирање, ние, како старешини, активно се вклучивме во пребарувањето,“ изјави Каришиќ.

Тој исто така опиша дека првата средба со родителите на Вања се случила вечерта на пријавувањето на исчезнувањето. Според него, мајката била посталожена, но однесувањето на таткото оставило впечаток на конфузија. „После разговорот со него, анализиравме дека бил потиштен и конфузен во многу одговори на нашите прашања,“ додаде сведокот.

Каришиќ потврди дека сите полициски служби, од униформирани полицајци до старешини, биле активно вклучени во пребарувањето за девојчето и истрагата за трагичниот случај.

Можете да прочитате

МЕПСО: Интензивни работни активности за изградба на 400/110 kV трансформаторска станица Охрид

Гаши: И можеме и не можеме да кажеме дека до крајот на декември ќе почне процесот на уставни измени

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија