Утрински Весник
Магазин

Кара Делевињ: Мажите не знаат да ракуваат со жените, особено сексуално

Кара Делевињ: Мажите не знаат да ракуваат со жените, особено сексуално

Кара Делевињ смета дека на мажите им недостигаат вистински алатки за да ги задоволат жените.

dobivaj vesti na viber

Супермоделот (30) го тврди ова во својот нов документарец Planet Sex with Cara Delevingne, во кој таа патува низ светот за да ги истражува полот, сексуалноста и фантазиите во спалната соба.

Во првата епизода од документарниот филм, кој почна да се емитува на Би-би-си на 1 декември, супермоделот го потенцира половиот јаз кога станува збор за оргазмот, цитирајќи научници кои тврдат дека 95 отсто од хетеросексуалните мажи доживуваат оргазам за време на сексуален однос. Процентот кај хетеро жените е едвај 65 отсто.

Таа во документарецот ги истражува женските оргазми и недостатокот од нив за време на хетеросексуален однос. „Чувствувам дека мажите, генерално, не се опремени со соодветни алатки за да можат да се справат со жените, особено сексуално.“

„Не сакам да навлегувам во уметноста на женскиот оргазам, но тоа е многу покомплицирано и многу позабавно.“

„Сфаќам, многу е покомплицирано за една жена да мора да ти каже: ‘Не го правиш тоа како што треба, треба да седнеш и да слушаш што зборувам’. Да, тоа е убиец на егото со кој повеќето мажи не можат да се справат“, вели манекенката.

Кара – која се идентификува како квир и родово флуидна – учествуваше во испитување во Германија со  соло сексуален акт додека примерок од нејзината крв се зема за научен експеримент што ги мери нивоата на ендоканабиноиди во нејзиното тело пред и по оргазам.

Кара им вели на гледачите: „Тука сум да доживеам оргазам и да го донирам за науката.“

„Мислам дека женската сексуална желба дефинитивно е потисната. Од мојот сопствен љубовен живот знам колку жените можат да бидат сексуални, па мислите дека во 21 век мажите и жените треба да имаат подеднакво задоволувачки сексуален живот, нели? Подгответе се за шок. Кога станува збор за оргазмот, постои дефинитивен полов јаз.“

„Научниците велат дека 95 отсто од хетеросексуалните мажи доживуваат оргазам за време на сексуалниот однос, но само 65 отсто од хетеро жените. Ова е очигледен јаз меѓу половите.“

„Се чини дека тоа дефинитивно им е подобро на лезбијките и на квир жените“, вели Кара во документарецот.

Квир (queer) е збор што ги опишува сексуалните и родовите идентитети освен хетерогени и цисродни. Лезбијките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите луѓе се поистоветуваат со зборот квир.

 

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак