Утрински Весник
Свет

Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата

20240425071619 Big 730x400 25.webp.webp
Img 5587

Претседателската кампања на Џо Бајден ќе продолжи да користи ТикТок, изјави во средата официјален претставник на кампањата, кусо откако американскиот претседател потпиша закон со кој ќе се забрани апликацијата освен ако нејзиниот кинески сопственик не ја продаде.

Одлуката доаѓа во време кога многу млади и левоориентирани гласачи, значителен дел од базата на корисници на ТокТок, не се задоволни од начинот на кој Бајден се справува со војната во Газа, што ги ескалира протестите на универзитетите низ целата земја.

Img 5587

– Фрагментарното медиумско опкружување бара од нас да се појавиме и да допреме до гласачите таму каде што се, вклучително и онлајн. ТикТок е едно од многуте места каде што сакаме да им ја пренесеме нашата содржина на гласачите, рече претставник на кампањата на Бајден, кој сакал да остане анонимен.

Кампањата ќе користи „напредни безбедносни мерки“ додека ја користи апликацијата, додаде тој. Владата не е работодавач на персоналот во кампањата на Бајден и тие не се занимаваат со прашања за националната безбедност, па им е дозволено да ја имаат апликацијата на своите телефони, рекоа претходно претставници на кампањата.

Профилот на кампањата на Бајден на ТикТок, @bidenhq, објави речиси 120 видеа и има повеќе од 306.000 следбеници. Бајден редовно објавува видеа таму, иако Белата куќа вели дека ТикТок предизвикува „легитимна загриженост за националната безбедност“.

ТикТок планира да поднесе жалба на законот, а извршниот директор на компанијата вчера рече дека очекува да ја добие правната битка за блокирање на законот.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56