Утрински Весник
Македонија

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Img 5205.jpeg

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички, кое ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица, влегло во Македонија преку граничниот премин „Блаце“ и во моментот на влез било празно.

Ова вечерва го соопшти директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Според Николовски, во царинската постапка не биле утврдени никакви нерегуларности, а возачот и товарното возило ги исполнувале сите услови за влез во државата.

„Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови кои се потребни во царинска постапка за да помине на тој граничен премин“, изјави Николовски.

Тој нагласи дека од аспект на царинските контроли, сè било спроведено согласно законските процедури, додека причините и околностите што довеле до трагичната несреќа ќе бидат предмет на истрага од страна на другите надлежни институции.

„Подоцна тоа што се случило е случај што треба да го разгледуваат други државни институции“, додаде директорот на Царината.

Тешката сообраќајна несреќа се случи во четвртокот вечерта околу 23 часот на скопската обиколница, на делницата помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци.

Во несреќата животот го загубија тројца 20-годишни млади момчиња, како и баритонот и првенец на Национална опера и балет, Ристе Велков.

На 76-годишниот возач на камионот, косовскиот државјанин Б.Б., веќе му е определен 30-дневен притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.

Можете да прочитате

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила

Томовски: Со чести автобуски линии и поддршка од агенциите го спасуваме „Македонско село“ од пропаѓање