Утрински Весник
Македонија

МНОГУ ТОПОЛ БРАН ВО ЕВРОПА: Што ја чека Македонија во следните 10 дена?

Meteoalarm.mk 8 2.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Полека но сигруно во Македонија летото и летните температури на воздухот ни започнуваат, и тоа по долг период на нестабилно и ладно време со потпросечни температури на воздухот и со чести врнежи и грмежи како и со појава на планински снег кој го имавме до скоро време во Македонија , регионот и ширум Европскиот Континент.


Инаку деновиве во најголем дел од Европа владее многу топол бран од Африка кој условува многу високи и натпросечни температури на воздухот кои надминуваат 30 степени а во делови од Европа веќе се мерат  и 35 степени, а во југозападна Европа, односно во Шпанија изминатите денови беше многу потопло каде температурите локално се искачија дури и до 39 степени, температури кои се типични за месец јули а не за месец мај.

Топлиот бран во најголем дел од Европа ќе се задржи и во следните неколку денови и ќе условува многу високи летни и натпросечни температури на воздухот.

Во моето најново метео видео обраќање до јавноста можете да слушнете какво време ќе имаме во Македонија до крајот на оваа и во текот на целата наредна недела.

Како и да е, наскоро започнуваме со плажите, плажирањето и капењето, а ваквото летно време со летни температури на воздухот без прекин и без  некое поголемо освежување ќе го имаме  и во следните 10 денови.

Можете да прочитате

Честитка од претседателката Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“