Утрински Весник
Македонија

Камион удрил во тунел на патот Градско-Прилеп, тешко повреден возачот

Камион удрил во тунел на патот Градско-Прилеп, тешко повреден возачот

Тешко е повреден 62-годишен возач на камион, кој ноќеска удрил во тунел на патот Градско-Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, товарно моторно возило „сканија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(62) од Кавадарци удрило во тунел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ј. кои му биле констатирани во Општа болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

Можете да прочитате

Од март директна авионска линија Дубаи–Скопје три пати неделно

Буџетот и границата дупнати како швајцарско сирење, каде е Мицкоски, каде се одговорите? прашува СДСМ

ЛДП: Мегаскандалот Михаилова е доказ за ерозија на институциите и го дозакопува нашето европско досие