Утрински Весник
Македонија

Камион удри во три лица кои стоеле покрај автопат – еден загинат, возачот е во бегство

Камион удри во три лица кои стоеле покрај автопат – еден загинат, возачот е во бегство

Триесетгодишен маж загина кога во него удрил камион, по чијшто возач трага полицијата.

dobivaj vesti na viber

Мажот со уште две лица стоеле покрај паркинарно возило, кога кон нив влетал камион и ги удрил тројцата.

Останатите се здобиле со повреди и биле пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Настанот се случил вчера на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец. Возачот побегнал.

Полицијата изврши увид.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш