Утрински Весник
Свет

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам

20260902095505 big 730x400 31.webp.webp

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека обидот за напад врз германскиот аеродром „Лајпциг-Хале“ за кој Германија ја обвини Русија, има карактеристики на „државно спонзориран тероризам“.

„Јасно е дека тоа ги има сите карактеристики на државно спонзориран тероризам. Прашањето е што ќе преземеме во врска со тоа“, изјави Калас пред новинарите во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ во Ирска.

Германската Влада ја обвини Русија за обидот за напад врз аеродромот „Лајпциг-Хале“ на 4 август, кој бил изведен со дрон наполнет со експлозив, и најави затворање на рускиот конзулат во Бон.

Дронот бил пронајден во близина на украински авион, а експлозивната направа била деактивирана. Германските власти тогаш изјавија дека инцидентот претставува ново ниво на опасност. 

Можете да прочитате

Мистерија во Северна Кореја: По гласините за смртта на Ким Џонг Ун, државните веб-страници недостапни

Русија утре ќе ја испорача првата пратка дизел за САД, согласно договорот меѓу Трамп и Путин

САД се договорија да купуваат руски дизел, ЕУ нема да го следи Вашингтон